Zakon Za Turisticka Dejnost

Description
Zakon za turisticka dejnost

Please download to get full document.

View again

of 23
All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
Information
Category:

Documents

Publish on:

Views: 3 | Pages: 23

Extension: PDF | Download: 0

Share
Transcript
   Закон    за   туристичка   дејност  (   Сл .  Весник   на    РМ    бр . 62/2004,89/2008,12/2009, 17/2011, 47/2011, 53/2011, 123/2012, 164/2013, 27/2014, 116/15 и 192/15   ) ================================================================================================   -1- ЗАКОН ЗА ТУРИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Co овој закон се уредуваат условите и начинот за вршење на туристичката дејност. Член 2 Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. Туристичка дејност е организирање и спроведување на туристички патувања во туристички места, фамилијарни излети и други некомерцијални екскурзии и други туристички аранжмани во земјата и странство, давање на туристички информации, продавање и посредување при продажбата на угостителски и други туристички услуги, посредување околу издавање на куќи, станови и соби за туристи, вршење на услуги со туристички водичи и други услуги; 2. Други услуги се продавање на возни билети и осигурување на патници и туристи, туристички пропагандни активности, организирање на културни и спортски манифестации, менувачки работи, давање под наем на возила и пловни објекти, продавање на сувенири, туристичка литература и друга стока што се продава во туристичкиот промет, како и продавање на влезници за културни, спортски и други манифестации, уплата на лото, спортска прогноза, лотарија и слично; 3. Вршители на туристичка дејност се трговски друштва, трговци поединци и физички лица; 4. Туристичко место претставува подрачје или дестинација кое како организациона и функционална туристичка целина располага со природни, културни, историски и други знаменитости од значење за туризмот, комунална, сообраќајна и туристичка инфраструктура, како и објекти и други содржини за сместување и престој на туристите; 5. ‘‘Туристичкиот регион‘‘ е географска и функционална просторна површина која опфаќа неколку туристички места со заедничко име чии природни и создадени туристички вредности се основа за формирање самостојна туристичка понуда, а што преставува можност за формирање на туристички аранжмани од страна на туристичките агенции. 6. Туристички пакет - аранжман е однапред договорена комбинација од најмалку две од следниве услуги продадени или дадени на продажба со тоа што вкупната услуга да трае подолго од 24 часа или вклучува сместување со ноќевање, односно сместување и тоа: а) транспорт, б) сместување и в) други туристички услуги кои не се опфатени со транспортот и сместувањето и се значаен обем во рамките на туристичкиот пакет- аранжман; 7. Излетничка програма е комбинација од најмалку две понудени поединечни услуги кој трае помалку од 24 часа и во себе не вклучува ноќевање, односно сместување; 8. Корисник - потрошувач е лице кое купува или е согласно да купи туристички пакет-аранжман (примарен договарач), или друго лице кое во име на примарниот договарач се сложува да купи туристички пакет- аранжман (друг корисник - потрошувач) или кое било друго лице на кое примарниот договарач или другите корисници му го пренеле користењето на туристичкиот пакет-аранжман; 9. Организатор на патување е вршителот на туристичката дејност кој организира туристички пакет-аранжман и кој го продава непосредно или преку посредник; 10. Посредник е правно лице кое продава или нуди за купување туристички пакет аранжман кој е изготвен од организаторот на патувањето; 11. Договор значи договорот кој ги сврзува корисникот и организаторот и/или посредникот склучен во писмена форма согласно со овој закон и Законот за облигационите односи; 12. Туроператорска дејност е трговија со туристички услуги на големо од страна на туристичките агенции непосредно или посредно преку други туристички агенции и 13. Услуги во селски и етно туризам се престој на туристите во селските домаќинства поради одмор и рекреација.   Закон    за   туристичка   дејност  (   Сл .  Весник   на    РМ    бр . 62/2004,89/2008,12/2009, 17/2011, 47/2011, 53/2011, 123/2012, 164/2013, 27/2014, 116/15 и 192/15   ) ================================================================================================   -2- II.ВРШИТЕЛИ НА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ Член 3 Туристичка дејност можат да вршат трговски друштва и трговци поединци  регистрирани во трговскиот регистар (вршители на туристичка дејност) под услови и начин утврдени со овој закон. Физичките лица кои согласно со одредбите на овој закон вршат туристичка дејност се  регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на општината, а во градот Скопје во регистарот што го води градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје. Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот ја пропишува формата и содржината како и начинот на водење на  регистарот од ставот 2 на овој член. Член 4 Основачи на туристички агенции и туристички бироа можат да бидат домашни и странски правни лица. Член 5 Трговското друштво и трговецот поединец во зависност од видот на услугата што ја дава може да биде туристичка агенција и туристичко биро. Трговецот поединец кој што туристичката дејност на туристички водич или туристички придружник ја врши како занимање, постојано го носи називот туристички водич или туристички придружник. Физичкото лице кое како слободно занимање повремено врши туристичка дејност на туристички водич или туристички придружник, го носи називот туристички водич или туристички придружник. Член 6 Спортски и синдикални здруженија, културно - уметнички здруженија и друштва, здравствени, социјални и образовни установи и хуманитарни и верски организации можат да организираат туристички патувања за своите членови и членовите на нивното потесно семејство само преку туристички агенции. Лицата од ставот 1 на овој член, не можат  јавно да огласуваат и рекламираат туристички патувања од ставот 1 на овој член, освен известување на членовите на овие организации и установи. Член 7 Туристичката дејност се врши согласно со одредбите на овој закон, прописите донесени врз основа на овој закон, добрите деловни обичаи и посебните узанси кои се однесуваат на вршењето на туристичката дејност. Член 7-а Во постапката за инспекциски надзор се применуваат одредбите од Законот за инспекциски надзор и Законот за државен пазарен инспекторат, доколку со овој закон не е поинаку уредено. III. УСЛОВИ И НАЧИН ЗА ВРШЕЊЕ НА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ 1. Минимално-технички услови и други услови за вршење на дејноста Член 8 За вршење на туристичка дејност објектите треба да ги исполнуваат пропишаните минимално-технички услови и другите услови пропишани со закон. Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот ги пропишува минимално-техничките услови од ставот 1 на овој член. Член 8-а Туристичката агенција која непосредно дава услуги на патник преку средства за електронска комуникација се должни да  работат во согласност со одредбите од овој закон и прописите од областа на електронската трговија. Член 9 Вршителот на туристичката дејност е должен исполнувањето на условите од членот 8 став 1 на овој закон да го пријави на Државниот пазарен инспекторат и на градоначалникот на општината, а во градот Скопје на градоначалникот на општината на   Закон    за   туристичка   дејност  (   Сл .  Весник   на    РМ    бр . 62/2004,89/2008,12/2009, 17/2011, 47/2011, 53/2011, 123/2012, 164/2013, 27/2014, 116/15 и 192/15   ) ================================================================================================   -3- подрачјето на градот Скопје, според местото на седиштето на објектот, односно според местото каде што се даваат туристичките услуги, најмалку осум дена пред почетокот на вршењето на дејноста. Пријавувањето се врши на посебен образец. Градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје го информира градоначалникот на градот Скопје за извршениот упис на физичките лица во  регистарот во смисла на членот 3 став 2 од овој закон, како и пријавувањето од страна на вршителите на туристичката дејност. Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот ги пропишува формата и содржината на образецот на пријавата од ставот 1 на овој член. Член 10 Вршителите на туристичката дејност, дејноста ја вршат во деловен објект. Просторот на деловниот објект не смее да се користи за друга намена (домување и производство), освен давање на другите услуги наведени во членот 2 точка 2 на овој закон. Деловниот простор не мора да биде засебна деловна целина ако тој простор се наоѓа во објекти наменети за трговски и банкарски активности, во хотели, во саемски простории, во терминали на патен, воздушен или наутички сообраќај. Член 11 Туристичките агенции можат да имаат деловен објект надвор од седиштето на туристичката агенција (во натамошниот текст: деловница), која ги исполнува пропишаните услови од членот 8 став 1 на овој закон. Деловницата од ставот 1 на овој член ги врши работите согласно со лиценцата која ја поседува туристичката агенција. Копија од добиената лиценца на туристичката агенција, заверена од нотар, мора да има и во просторот на деловницата. 2. Видови на туристички услуги Член 12 Туристичките агенции ги вршат следниве услуги: 1) организирање продажба и реализирање на туристички пакет- аранжмани; 2) продажба и посредување на продажба на угостителските и други туристички услуги; 3) посредување и давање на услуги на патувања и престој и други услуги врзани со нив; 4) организирање продажба на билети и спроведување на излетнички програми; 5) прифаќање и превоз на патници; 6) продажба и посредување во продажба на билети или резервација на места за сите видови превозни средства; 7) резервирање на сместување и други услуги во угостителските објекти; 8) застапување на домашни и странски туристички агенции; 9) давање на туристички информации и туристички промотивни материјали за свои аранжмани, туристички и други настани; 10) посредување во добивање на визи потребни за аранжмани во странство, како и потребни дозволи за лов, риболов, нуркање и други дозволи потребни за организирање и спроведување на различни видови туризам; 11) организирање и посредување во продажба на услуги на стационираниот, селски, бањски, здравствен, конгресен, спортски, ловен и други видови туризам; 12) организирање на служба на туристички придружници, како и прифаќање на гостите при доаѓање и заминување од местото во туристичката дестинација, како и придружување на малолетни лица во рамките на туристичките аранжмани; 13) организирање на давањето на услуги од страна на туристичките водичи и 14) осигурување на патниците и предметите во случај на репатријација, несреќа и болест. Член 13 Туристичката агенција може да врши комерцијални туристички информативно-советодавни и промотивни активности, и тоа: 1) промовирање на давателите на услуги; 2) промовирање на деловните партнери; 3) промовирање на туристичките аранжмани; 4) издавање туристички публикации; 5) користење на информативни и промотивни средства;   Закон    за   туристичка   дејност  (   Сл .  Весник   на    РМ    бр . 62/2004,89/2008,12/2009, 17/2011, 47/2011, 53/2011, 123/2012, 164/2013, 27/2014, 116/15 и 192/15   ) ================================================================================================   -4- 6) давање информации и совети во врска со патувањето за можните превозни средства, возниот ред, цените, прописите, формал-ностите и пропратните услуги; 7) давање информации во врска со престојот; 8) давање информации за карактеристиките на туристичките дестинации, за условите на сместување и исхрана, за општествено-политичкиот систем, за политич-ката состојба, за цените на услугите, за природните и антропогените атрактивности, за спортскиот, културниот и забавниот живот, за јазиците на кои се зборува и за временската состојба и 9) давање на други информации: околу осигурувањето и полисите, патните исправи, банкарските и валутните односи, условите на плаќање и здравствените услуги. Член 14 Туристичката агенција може, покрај услугите од членовите 12 и 13 на овој закон, да дава и други услуги, под услови утврдени со закон, како што се: организирање и давање на услуги во врска со чековни картички и патни чекови, како и давање на менувачки услуги; изнајмување и посредување во изнајмување на возила (рент-а-кар, пловни објекти, летала, чување и одржување на пловните објекти), организирање на културни и спортски манифестации; продавање на сувенири, туристичка литература, весници, домашни  ракотворби и друга стока што вообичаено се продава во туристичкиот промет; продавање на влезници за културни, спортски и други приредби; среќки на лотарија и уплатување на лото и спортска прогноза. 3. Права и обврски на агенциите Член 15 Туристичката агенција зависно од лиценцата ги има и следниве права и обврски: 1) на влезот на деловниот простор да ја истакне фирмата; 2) назнаката туристичка агенција , патничка агенција и вообичаените изрази какви што се Tours , Travel и слично во фирмата можат да ги користат туристичките агенции; 3) кога продава пакет аранжмани, да му даде на потрошувачот општи информации во врска со пасошот ни визата кои се однесуваат на граѓаните на Република Македонија, а особено во врска со времето потребно за да се добијат, како и за здравствените формалности неопходни за патувањето и престојот; 4) да даде информација на барање на корисникот на услугите во кое својство настапува и колкави се неговите овластувања, ако застапува друга туристичка агенција; 5) да склучи договор со корисникот на услугата во кој ќе бидат јасно определени условите и начинот на давање на услугите; 6) во промотивните печатени материјали, како и во сите работни документи, видливо да се истакне фирмата и седиштето на туристичката агенција; 7) да склучува договори само со сообраќајни претпријатија чии превозни средства ги исполнуваат условите определени со пропис од областа на јавниот патен сообраќај; 8) да склучува договори и да презема други деловни активности само со угостителски правни субјекти кои поседуваат лиценца и категорија на објектот; 9) да чува како деловна тајна се што знае за корисникот на услугите и неговото однесување и без негово одобрение, освен во законските пропишани услови на никого не смее да му ги даде адресата на корисникот на услуга, местото и времето на патувањето, престојот, уплатената цена, како и името на неговиот сопатник; 10) да се придржува кон утврдените услови во договорите кои ги воспоставува со корисниците на услуги и третото лице како давател на услуги; 11) за продажба на авиобилети туристичката агенција мора да има вработено лице со ИАТА сертификат; 12) на видно место во туристичката агенција да ја истакне лиценцата или копија заверена од нотар; 13) да ги истакне цените на туристичките аранжмани и поединечни услуги; 14) за секоја продадена услуга или аранжман да издаде сметка од фискална каса, како и туристички ваучер за сместување и други услуги на корисникот на услугата; 15) при продажбата и реализацијата на услугите да се придржува на договорот и програмата за туристичкиот аранжман и 16) на видно место на влезот на туристичкиот објект да го истакне видот на платежните картички кои можат да се користат.
Related Search
We Need Your Support
Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

Thanks to everyone for your continued support.

No, Thanks