ВЛИЈАНИЕТО НА ПОДЗЕМНИТЕ ТЕКОВИ ВРЗ ФОРМИРАЊЕТО НА ПЕШТЕРСКИ МИКРО РЕЛЈЕФНИ ФОРМИ - НА ПРИМЕР НА ПЕШТЕРАТА ГОРНА СЛАТИНСКА - PDF

Description
Географски разгледи (46) (2012) 51 УДК: : ( ) ВЛИЈАНИЕТО НА ПОДЗЕМНИТЕ ТЕКОВИ ВРЗ ФОРМИРАЊЕТО НА ПЕШТЕРСКИ МИКРО РЕЛЈЕФНИ ФОРМИ - НА ПРИМЕР НА ПЕШТЕРАТА ГОРНА СЛАТИНСКА Билјана

Please download to get full document.

View again

of 8
All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
Information
Category:

Government & Politics

Publish on:

Views: 115 | Pages: 8

Extension: PDF | Download: 0

Share
Transcript
Географски разгледи (46) (2012) 51 УДК: : ( ) ВЛИЈАНИЕТО НА ПОДЗЕМНИТЕ ТЕКОВИ ВРЗ ФОРМИРАЊЕТО НА ПЕШТЕРСКИ МИКРО РЕЛЈЕФНИ ФОРМИ - НА ПРИМЕР НА ПЕШТЕРАТА ГОРНА СЛАТИНСКА Билјана ГИЧЕВСКИ ИД Урсус спелеос -Скопје ИЗВОД Со проучување на пештерскиот релјеф може да се добијат значајни показатели за формирањето на пештерските канали. Така со анализа на микро релјефните форми, нивната големина и положбата во пештерскиот канал може да се определат хидролошките услови во кои е формирана пештерата. Во трудот се анализирани пештерски релјефни форми од пештерата Горна Слатинска. Клучни зборови: пештера, подземен тек, чинии, тавански џеб, лонче, прозорец, ниво на воден хоризонт, остенок ABSTRACT With cave relief investigations important indicators for the cave passages forming can be found. Thus, with the analyses of the micro relief forms, their dimension and location in the cave passage, we can point out the hydrological conditions in which the cave is formed. In this paper the cave rocky relief in the cave Gorna Slatinska is analyzed. Key words: cave, underground flow, scallops, ceiling pocket, pothole, karst window, water level horizon, pendant ВОВЕД Основната цел на истражувањето беше да се евидентираат кои пештерски релјефни форми, од извршената класификација на пештерскиот релјеф на Slabe (1995) се застапени во пештерата Горна Слатинска. Потоа со нивна анализа да се утврди во какви хидролошки ус- 52 Гичевски Б. Влијанието на подземните текови врз... лови е формирана пештерата. Сите евидентирани пештерски микро релјефни форми од пештерата Горна Слатинска припаѓаат на првата категорија - карпести форми настанати од воден тек. Во зависност од видот и големината, пак, на овие карпести форми се добија сознанија за хидролошките услови во кои се формирани пештерските канали. Бидејќи во македонската спелеолошка терминологија анализираните микро релјефни форми не се евидентирани, авторот наведените термини во трудот или ги преведува на македонски јазик (доколку соодветствуваат) или воведува нови термини адаптирани за македонското говорно подрачје. ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ПЕШТЕРАТА Пештерата Горна Слатинска се наоѓа во Поречкиот Басен. Лоцирана е од левата долинска страна на Крушевска Река. Формирана е во прекамбриумски доломитски мермери кои се покриени со плиоцени седименти (чакал, песок, глина). Доломитските мермери се силно испукани и се карактеризираат со карстна, а плиоцените седименти со интергрануларна порозност. Како резултат на специфичните геолошки и хидролошки услови во кои е формирана пештерата таа припаѓа на групата разгранети пештери (Palmer 1991). Горна Слатинска е тунелска пештера, со два влеза. Едниот влез е на 591 m н.в, а другиот на 579 m н.в. Главниот пештерски канал има правец на протегање истоксевероисток-југ. На четири места кон него се надоврзуваат помали пештерски канали, од кои два се на пониско пеш-терско ниво. Вкупната должина на пештерските канали е 336m. Пештерата Горна Слатинска е фосилна речна пештера со јасни траги од некогашниот подземен тек, претставени со зарамнето речно корито со вертикални страни, меандра и речна тераса. Пештерските украси се претставени со сталактити, сталагмити, столбови, сливови и травертински басени (Петреска 2008). Пештерата е формирана за време на глацијалниот период Würm (Jovanovič 1928). ПЕШТЕРСКИ МИКРО РЕЛЈЕФНИ ФОРМИ ФОРМИРАНИ ОД ПОДЗЕМНИ ТЕКОВИ Чиниии (анг. scallops, фр. vague d érosion) се затворени асиметрични вдлабнатини во пештерските ѕидови, на подот или на таванот настанати со вртложна ерозија на подземниот воден тек. Тие се со остри, изразити бразди меѓу секоја чинија. Нивната должина е од 10 mm - 1m, при што помалата должина укажува на побрз тек кој ги создал формите. Пострмната страна на чинијата укажува на узводната страна на речниот тек и претставува корисен индикатор за определување на Географски разгледи (46) (2012) 53 правецот на некогашните речни текови, во денеска напуштените пештерски канали (Lowe and Waltham 1995). Појавата и развојот на чиниите зависат од литологијата на карпата, брзината и притисокот на водниот тек, агресивноста на водата, големината на каналот и формата на карпестата површина (Slabe 1995). Во анализираната пештера чиниите обично се јавуваат во групи. Должината на чиниите е од 3-7 cm. Ова укажува дека формирањето на пештерскиот канал е во епифреатска зона, со речен тек чија брзина била од cm/s (Slabe 1995). Слика 1. Чинии на пештерски ѕид (фото: Б. Гичевски). Fig.1 Scallops on the passage wall (photo: B. Gičevski) Тавански џеб (анг. ceiling pocket, solution pocket, фр. coupole à la voûte) е вдлабнатина во пештерскиот таван или ѕид која најчесто настанува во периодично плавени пештери, кога агресивната вода навлегува во пукнатините и брзо ги зголемува. По поплавниот бран водата се дренира назад во главниот канал (Plamer 2007). Таванскиот џеб, наликува на чинија, но од неа се разликува по тоа што е подлабок, не е асиметричен, се јавува повисоко во пештерскиот канал и не мигрира низводно со текот на времето (Springer and Wohl 2002). Потеклото, големината, формата и локацијата на оваа микро релјефна форма зависи од брзината на текот, притисокот, зголемувањето на CO 2 поради турболентниот тек и структурата на карпата (Slabe 1995). Сите евидентирани тавански џебови во пештерите Горна Слатинска се наоѓаат на таванот и се предиспонирани со една или повеќе пукнатини. Тие се застапени во групи (од 3-4 во група), особено во повисокото пештерско ниво. Таванските џебови имаат различни големини. Обично нивниот дијаметар е од 5-40 cm, а длабоки се од 3-30 cm. 54 Гичевски Б. Влијанието на подземните текови врз... Слика 2, 3. Тавански џебови (фото: Б. Гичевски). Figure 2, 3. Ceiling pockets (photo: B. Gičevski). Лонче 1 (анг. pothole, фр. marmite de géant) е вдлабнување на подот од пештерскиот канал настанато со корозија и механичка ерозија на подземниот тек. Неговата длабочина е резултат на врската меѓу брзината на водата и нејзиниот притисок врз карпестата подлога и од квантитетот и големината на материјалот кој е транспортиран од водата. Лончињата се јавуваат на места каде има брз слободен речен тек, но и во пештерски канали кои се попланувани (Slabe 1995). Лончињата кои денес не се активни претставуваат доказ дека во минатото имало тек со голем волумен на вода (Ford 1965). Вакви неактивни лончиња се евидентирани во двете пештерски нивоа. Најчесто се застапени поединечни лончиња, но има и линиски подредени во групи. Доминираат лончиња чии страни се вертикални, но има и такви со сферна површина. Нивната површина е речиси мазна, а дното е исполнето со покрупен песоклив материјал од некогашниот подземен речен тек кој течел низ пештерскиот канал. Најзастапени се лончиња чиј дијаметар е поголем во споредба со нивната длабочина. Лонче со најголем измерен дијаметар е од 23 cm чија длабочина е 7 cm, а лонче со најголема длабочина е од 20 cm чиј дијаметар е 20 cm. 1 Oваа микро форма настанува на сличен начин како површинската форма џиновски лонец, но поради големината авторот ја нарекува лонче. Географски разгледи (46) (2012) 55 Слика 4, 5. Лончиња (лево на горно ниво, десно на долно пештерско ниво). Figure 4, 5. Potholes (left-on the upper level, right-on the lower cave level). Прозорец (анг. karst window, natural bridge, фр. fenêtre karstique) е отворена вдлабнатина во пештерскиот канал настаната од подземен речен тек (Field 2002) или со спојување на помали вдлабнувања на ѕидот поради процесот на растворање (UNESCO 1972). Во анализира-ната пештера има три прозори, сите формирани на повисокото пеш-терско ниво. Овие форми се забележани и од страна на Jovanovič (1928) кој смета дека се остатоци од сифони. Слика 6. Прозорец Figure 6. Karst window Слика 7. Ниво на воден хоризонт Figure 7. Water level horizon Ниво на воден хоризонт (анг. water level horizon) е издолжена права линија, врежана на пештерските ѕидови, која го покажува нивото на подземниот тек (Slabe 1995). Оваа релјефна форма во пештерата Горна 56 Гичевски Б. Влијанието на подземните текови врз... Слатинска е на височина од 0.75 m од дното на некогашното речно корито. Нивото на воден хоризонт е изразено речиси по целиот пештерски канал од повисокото пештерско ниво. Пештерски остенок (анг. pendant) е долгнавест израсток од кар-пестиот ѕид, таван или под кај кој има забележително стеснување (Slabe 1995). Оваа микро форма е груба карпа која ги задржала својствата на матичната карпа. Единствена ваква форма е заблежана на пониското пештерско ниво. Височината на пештерскиот остенок е околу 1 m, а широчината околу 0.5 m. Во долниот дел тој е потесен, како резултат на корозивната работа на некогашниот подземен водотек. ЗАКЛУЧОК Слика 8. Пештерски остенок (фото: Б. Гичевски). Figure 8. Pendant (photo: B. Gičevski) Во пештерата Горна Слатинска се евидентирани шест пештерски микро релјефни форми: чинии, тавански џебови, лончиња, прозорци, ниво на воден хоризонт и пештерски остенок. Сите наведени релјефни форми се формирани од подземни водени текови. Од извршената анализа (вид на релјефна форма, големина на релјефна форма и нејзина местоположба во пештерскиот канал) се изнесува заклучокот дека пештерата Горна Слатинска е формирана во епифреатска зона, со подземен тек чија брзина е поголема отколку во фреатската зона. Брзината на подземниот тек се движела од cm/s (Slabe 1995). Брзите текови транспортирале песок и чакал кои денес се забележуваат само кај микро формите - лончиња. Кај сите анализирани пештерски микро форми доминантен процес во нивното форми- Географски разгледи (46) (2012) 57 рање е корозијата, со исклучок на лончињата кај кои се доминантни механичката ерозија и корозијата. ЛИТЕРАТУРА Field S.M. (2002): A lexicon of cave and karst terminology with special reference to environmental karst hydrology. Washington, DC 20460, Ford D.S. (1965): Stream potholes as indicators of erosion phases in caves. National Speleological Society Bulletin, no. 1, Jovanovič P.S. (1928): Karsne pojave u Poreču. Glasnik Skopskog naučnog društva, knj. IV, Skoplje, 1-46 Lowe D. and Waltham T. (1995): A dictionary of karst and caves: a brief guide to the terminology and concepts of cave and karst science. Cave Studies Series, N. 6. British Cave Research Association, London, 1-41 Palmer N.A. (1991): Origin and morphology of limestone caves. Geological Society of America Bulletin, v.103, no.1, 1-21 Palmer N.A. (2007): Cave geology. Cave Books, Dayton, Ohio, , Петреска Б. (2008): Подземни карстни форми во Поречкиот Басен и нивна валоризација за потребите на просторното планирање. Магистерски труд одбранет на ПМФ-Скопје (во ракопис), Slabe T. (1995): Cave rocky relief and its speleogenetical significance. Znanstvenoraziskovalni center SAZU, Ljubljana, Springer G.S. and Wohl E.E. (2002): Empirical and theoretical investigation of sculpted forms in Buckeye Creek Cave, West Virginia. Journal of Geology, v.110, UNESCO (1972): Glossary and multilingual equivalents of karst Terms. United Nations Educational. Scientific. and Cultural Organization. Paris, 1-72 THE INFLUENCE OF THE UNDERGROUND FLOWS ON THE CAVE MICRO ROCKY RELIEF FORMING A CASE STUDY OF THE CAVE GORNA SLATINSKA Biljana GIČEVSKI SUMMARY The cave Gorna Slatinska is located in the left side of river Kruševska Reka. The cave is formed of dolomite marbles with Pre-Cambrian age which are covered with Pliocene sediments (gravel, sand and clay). The cave belongs to the group of branchwork caves (Palmer, 1991). Gorna Slatinska is a tunnel cave with two entrances. The first one is on 591m asl, and the second one is on 579m asl. The main cave passage has an east-northeast-south direction. Four cave passages are connected with the main passage. Two of those cave passages are on the lower cave level. The total length of the cave Gorna Slatinska is 336 m. This cave is a fossil river cave (Petreska, 2008). 58 Гичевски Б. Влијанието на подземните текови врз... Analysis for the cave rocky relief is carried out in the cave. At the same time, the following forms have been observed: scallops, ceiling pockets, potholes, karst window, water level horizon and pendant. All of these were formed from the underground flows. The dominant process in their forming is corrosion, except for the potholes which are formed by corrosion and mechanical activity. Those analysis forms show that the cave passages were formed in the epiphreatic zone, from the underground flow with water velocity from 20-50cm/s (Slabe, 1995).
Related Search
Similar documents
View more...
We Need Your Support
Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

Thanks to everyone for your continued support.

No, Thanks