Nikodinovski, Zvonko - Frazeologijata i paremiologijata vo tritomniot „Rečnik na makedonskiot jazik so srpskohrvatski tolkuvanja“, Makedonski jazik, LXVIII, 2017, str. 151-165.

Description
L’objet de l’étude du présent article représente la phraséologie et la parémiologie contenues dans Le Dictionnaire de la langue macédonienne avec des équivalents serbo-croates (DLMESC). En dépit des cinquante-six ans écoulés depuis la publication de son premier volume en 1961, ce dictionnaire représente toujours un repère fondamental dans la lexicographie macédonienne. L’article souligne la richesse de la phraséologie et de la parémiologie que ce dictionnaire a apportée. Avec ses 5.331 unités phraséologiques et 1.007 unités parémiologiques, le DLMESC est capable de supporter la comparaison avec des dictionnaires monolingues confectionnés pour des langues (français et serbe pris en exemple) à riche tradition lexicographique. L’analyse effectuée montre que les faiblesses et les points faibles que dévoile ce dictionnaire sont dus à deux facteurs, principalement : 1. Manque d’une base théorique claire concernant la phraséologie et la parémiologie et 2. Manque de coordination suffisante entre les auteurs et le rédacteur et notamment entre les trois auteurs du dictionnaire, d’abord, et entre les auteurs et le rédacteur du dictionnaire, ensuite.

Please download to get full document.

View again

of 15
All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
Information
Category:

Documents

Publish on:

Views: 2 | Pages: 15

Extension: PDF | Download: 0

Share
Transcript
  Фразеологијата и паремиологијата во тритомниот „Речник на … 151 811.163.3'373.7=163.41 Изворен научен труд Звонко Никодиновски 1   ФРАЗЕОЛОГИЈАТА   И ПАРЕМИОЛОГИЈАТА ВО ТРИТОМНИОТ„РЕЧНИК   НА   МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК  ( СО СРПСКОХРВАТСКИ ТОЛКУВАЊА ) “   Апстракт : Во трудот е направена анализа на обработката на фразеологијата и на паремио-логијата во тритомниот  Речник на македонскио t  јазик (со ср p скохрва t ски t олкувања). Извршена е и споредбена нумеричка анализа на по два француски и српски толковни реч-ници, од која произлегува дека  Речнико t  на македонскио t  јазик (со ср p скохрва t ски t олкувања) може да се мери, во поглед на бројноста на граѓата, со еднојазични толковни  речници на јазици со поголема лексикографска традиција. Од анализата произлегува дека на овој речник му недостига јасна теориска концепција за фразеологијата и за паремиоло-гијата. Токму од таа теориска недоволност произлегуваат и бројните грешки и пропусти што се наведуваат во статијата. Во обработката на фразеолошката и на паремиолошката граѓа се забележува и недоволна координираност меѓу самите составувачи на речникот, од една страна, како и меѓу составувачите на речникот и редакторот, од друга страна. Клучни зборови : металексикографија,  РМЈСХТ, фразеологија, паремиологија, македонски  јазик Македонската фразеолошка и паремиолошка наука имаат доживеано забележителен развој во последните децении. Голема заслуга за тој развој има и фразеолошката граѓа на македонскиот јазик што во така голем обем за прв-пат беше претставена во тритомниот  Речник на македонскио t  јазик со ср p ско- хрва t ски t олкувања (РМЈСХТ). Овој речник одигра голема улога во стандар-дизацијата на фразеологијата на македонскиот јазик. Ова посебно се однесува на пословиците, каде авторите на речникот извршиле приспособување на веќе запишаните дијалектни форми. 1.НУМЕРИЧКИ ПОКАЗАТЕЛИ ЗА ФРАЗЕОЛОГИЈАТА И ПАРЕМИ-ОЛОГИЈАТА ВО  РМЈСХТ   §1. Предмет на овој труд претставува фразеологијата и паремиологија-та во  Речнико t  на македонскио t  јазик со ср p скохрва t ски t олкувања,   работен под редакција на Блаже Конески.  Речнико t   излезе во три тома од 1  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, znikodinovski@flf.ukim.edu.mk  Nikodinovski, Zvonko - Frazeologijata i paremiologijata vo tritomniot „Rečnik na makedonskiot jazik so srpskohrvatski tolkuvanja“,  Makedonski jazik,  LXVIII, 2017, str. 151-165.  152Звонко Никодиновски 1961 до 1966 г. Составувачи на ова капитално дело на македонската лексиког- рафија се: Тодор Димитровски на буквите: г, ѓ, з, ѕ (I том); п (II том), Благоја Корубин на буквите: а, б, е, ј, љ, м, н (I том); о, т, ќ, у, ч, џ, ш (II и III том), Трајко Стаматоски на буквите: в, ж, к (I том); р, с, ф, х, ц (III том), Борис Марков прва обработка на буквите: д, и (I том), Кирил Конески (додатокот), додека пак за буквата  л не е наведен авторот. Со оглед на тоа што фразеологијата и паремиологијата претставуваат составен дел од речникот, потребно е нив да ги разгледаме токму низ структу- рата на самиот речник. Трите тома на  Речнико t  содржат, како што е наведено на неговите корици, вкупно 64.522 заглавни зборови. Фразеологијата  е обработена во телото на речничките статии и бројот на фразеолошките единици не влегува во бројот на заглавните зборови. Вкуп-ниот број на фразеолошки единици изнесува 5.331 единица. Оваа бројка ја до-бивме со рачно пресметување на фразеолошките единици содржани во речни-кот, додека пак пресметувањето на појавувањата на ознаката (fraz.) во скенира-ната верзија на трите тома на речникот, покажа бројка од 1.700 појавувања на таа ознака. Но треба да се напомене дека и двете бројки претставуваат вкупен број на појавни фразеолошки единици кои понекогаш се повторуваат на пове-ќе места во речникот (во зависност од бројот на единиците кои влегуваат во составот на фразеолошките единици), така што вкупниот број на видските фразеолошки единици е нешто помал. Паремиологијата  е обработена во телото на речничките статии и бројот на паремиолошките единици не влегува во бројот на заглавни зборови. Вкупниот број на паремиолошки единици изнесува 1.007 единици. Оваа бројка  ја добивме кога на 879   пословици што ги најдовме според нашето рачно пре-сметување (инаку, самата ознака (posl.) се јавува кај многу од изброените 879 пословици, но не можеме да ја наведеме точната бројка со оглед на тоа што таа ознака е заокружувана во печатената верзија што послужи за скенирање, така што пресметувањата врз скенираната верзија не даваат веродостојни резулта-ти), ги додадовме и следните пресметувања на појавувањата на ознаките од об-ласта на паремиологијата што ги направивме врз скенираната верзија на реч-никот: ознаката (zagonetka) се јавува кај 17 гатанки, ознаката (blagoslov) се  јавува кај 18 благoслови, ознаката (kletva) се јавува кај 81 клетва и ознаката (pretnja) се јавува во 12 закани. За да ја согледаме реалната слика на обработените фразеолошки и паре-миолошки единици во  Речнико t  на македонскио t  јазик со ср p скохрва t ски t олкувања, ќе направиме споредба со по два француски и српски речници. 2.КОМПАРАТИВНИ ФРАЗЕОЛОШКО-ПАРЕМИОЛОШКИ НУМЕ-РИЧКИ ПОКАЗАТЕЛИ ВО ДВА ФРАНЦУСКИ И ДВА СРПСКИ РЕЧНИЦИ § 2. Од француските речници ќе ја земеме најпрвин електронската вер-зија на толковниот речник на францускиот јазик  Le petit Robert   од 2014 г., кој содржи вкупно 60.001 заглавен збор. Во него, ознаката loc . = locution (израз) е  Фразеологијата и паремиологијата во тритомниот „Речник на … 153 присутна во 3.307 фразеолошки единици, додека пак ознаката expr  . = expression (израз) е присутна во 98 единици. Бројот на фразеолошки единици е многу поголем со оглед на тоа што еден дел од фразеологијата е обработен без никаква ознака, додека еден друг дел е претставен кај единиците кои ги носат следните ознаки: фамилијарно, народско, фигуративно, иронично и пејо- ративно. Вториот француски речник што ќе н ѝ  послужи како парагон за според-ба е електронската верзија на речникот TLFi (Trésor de la langue française informatisé).   Трезоро t  содржи вкупно 95.420 првостепени заглавни зборови и 56.664 второстепени заглавни зборови (кои се јавуваат во рамките на лексич-ките статии воведени со првостепените заглавни зборови). Во овој речник, ознаката loc . = locution (израз) е присутна кај 6.593 единици, како и ознаката expr  . = expression (израз), којашто се содржи во 1.531 единица. §3. За споредба со српски речници, се послуживме со скенирани вер-зии на следните два речника: Првиот речник е шесттомен  Речник ср p скохрва t ско g  а књижевно g   јези-ка ,   во неговата српска верзија, кој за првпат излезе од 1967 до 1976 г., додека неговото второ издание е од 1990 год. и токму скенираната верзија од ова издание ја користевме за нашите проучувања. Овој шесттомен речник содржи, како што се наведува на крајот од шестиот том, вкупно 143.252 заглавни збо- рови. Во овој речник, ознаката (изр. = израз) се јавува 6.283 пати, но треба да се напомене дека има многу повеќе фразеолошки изрази, со оглед на тоа што таа ознака се јавува само на почетокот на набројувањата на фраземите. Така на пример, кај лексичката статија на лексемата ГЛАВА ознаката (изр.) е наведена само еднаш, а статијата содржи 142 фразеолошки изрази. Во овој речник со ис-тата ознака (изр.) се претставeни фразеолошките и паремиолошките единици. Вториот речник е еднотомен  Речник ср p ско g  а језика , во неговото изда-ние од 2011 год., чијашто скенирана верзија ја користевме за нашите истражу-вања. И двата речника се во издание на Матица Српска од Нови Сад. Овој ед-нотомен речник на српскиот јазик содржи вкупно 71.188 заглавни зборови. Во овој речник, фразеологијата е претставена со помош на ознаката „ ã   = црно крукче“. Таа ознака се среќава 4.278 пати во речникот. Но треба да се напоме-не дека има многу повеќе фразеолошки изрази, со оглед на тоа што таа ознака не се јавува кај сите обработени фразеолошки изрази. Инаку, речникот се оби-дува да ги обележи пословиците со ознаката (НПосл) и таа се среќава само 31 пат во речникот. Како што се гледа од споредбата со двата француски и двата српски  речници,  Речнико t  на македонскио t  јазик со ср p скохрва t ски t олкувања содржи богата фразеологија и паремиологија и токму тоа беше и поводот за нашето навраќање кон него по изминати 56 години од печатењето на неговиот прв том. Причината пак е подлабока и таа лежи во потребата да се согледаат состојбите на полето на фразеологијата, поле во кое треба допрва да се очеку-  154   Звонко Никодиновски ваат вредни специјализирани придонеси во македонската еднојазична и двоја-зична лексикографија, паремиографија и во паремиологијата. 4.КОНЦЕПЦИСКИ ОПРЕДЕЛБИ ЗА ФРАЗЕОЛОГИЈАТА ИПАРЕМИОЛОГИЈАТА НА АВТОРИТЕ НА  РМЈСХТ    § 4. На почетокот ќе кажеме дека во  РМЈСХТ не се наведени поименич-но изворите од кои се црпени јазичните единици, ниту пак се наведени речни-ците кои служеле за урнек според кои е правен овој речник. За изворите во предговорот се вели: „  Зборови t е беа ексцер p ирани од современи t е ли t ерарни, научни и p  ублицис t ички дела, од народни t е умо t ворби, од одделни лексички p  рилози во рабо t и p осве t ени на македонски t е дијалек t и и t н. Ма t еријало t  беше p о p олнуван и во t еко t  на обрабо t ка t а, p окрај дру g  о t о и со зборови од раз- g  оворнио t  јазик.“ Концепцијата на речникот во голема мера била обусловена од намената на овој речник. Основната цел на речникот била да се забележи лексичкото бо-гатство на македонскиот јазик и да се направи достапно на читателите и тоа два вида читатели: македонски и југословенски (а преку југословенските и по-широко: општословенски). Оттаму и авторите направиле во основа двојазичен  речник (македонско-српскохрватски), што се гледа од предговорот и видот на објасненијата на почетокот од речникот, со извесни варијанти на еднојазичен  речник. Токму таквата природа на речникот наоѓа одраз и во самиот наслов и поднаслов на речникот:  Речник на македонскио t  јазик со ср p скохрва t ски t олкувања.  Наведуваме една реченица од Предговорот која е карактеристична за устројството на речникот: „  За македонскио t  чи t а t ел, каде ш t о беше нужно, се даваа t  , во за g   рада, објасненија на значења t а на зборови t е на ма-кедонски јазик.“  Веднаш да кажеме дека категоријата „ каде ш t о беше нужно “   е вредносна категорија, а тоа посебно се гледа во фразеологијата каде што „ нужнос t а “ да се даваат објасненија на значењата на фразеолошките изрази е најмалку застапена, така што македонскиот читател требал и треба да ја знае „српскохрватската“ фразеологија за да ја разбере својата – македонската.   § 5. Според наше мислење, предговорот и објасненијата се мошне крат-ки и секако дека било потребно да се дадат пошироки теориски објаснувања за начинот на обработка на лексичкиот материјал општо и посебно за фразеоло-гијата. Во предговорот на речникот не се даваат никакви објаснувања на пои-мот фразеоло g  ија  туку само се наведува на стр. X  во објаснението под бр. 7, кое носи наслов С  t илски ознаки,  следната реченица: „  Во сос t аво t  на едини-ца t а со ознака t а (fraz.)  се p осочува дека p  римеро t  или p  римери t е ш t о сле-да t   p о неа p  ре t с t авуваа t  фразеолошки изрази. Така: (fraz.) пет пари не дава (не се плаши).“ Она што го нема во предговорот го наоѓаме во самиот речник и тоа под заглавниот збор фразеологија каде што стои: (1.  целоку p нос t  на за t врдени
Related Search
Similar documents
View more...
We Need Your Support
Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

Thanks to everyone for your continued support.

No, Thanks