МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ПРАКТИКУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА (СТАНДАРДИ) - PDF

Description
МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ПРАКТИКУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА (СТАНДАРДИ) Вовед во меѓународните стандарди Внатрешната ревизија се спроведува во различни правни и културни околини; во рамки

Please download to get full document.

View again

of 18
All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
Information
Category:

Paintings & Photography

Publish on:

Views: 12 | Pages: 18

Extension: PDF | Download: 0

Share
Transcript
МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ПРАКТИКУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА (СТАНДАРДИ) Вовед во меѓународните стандарди Внатрешната ревизија се спроведува во различни правни и културни околини; во рамки на организации коишто се разликуваат во цел, големина, сложеност и структура; и од страна на лица коишто се внатрешни или надворешни од аспект на организацијата. Додека разликите може да влијаат на практикувањето на внатрешната ревизија во секоја околина, усогласеноста со Меѓународните стандарди за професионално практикување на внатрешна ревизија (Стандардите) на IIA е неопходнa за исполнување на одговорностите на внатрешните ревизори, како и на самата внатрешна ревизија. Доколку со закон, или пак друга регулатива, на внатрешните ревизори или службата за внатрешна ревизија им се забранува да бидат усогласени со одредени делови од Стандардите, неопходно е да се оствари усогласеност со сите останати делови на Стандардите, како и да се направат соодветни обелоденувања. Доколку Стандардите се користат заедно со стандарди издадени од други авторитативни тела, извештаите на внатрешните ревизори можат да ја цитираат употребата на другите стандарди, како што е тоа соодветно. Во такви случаи, доколку постојат неусогласености помеѓу Стандардите и другите стандарди, внатрешниот ревизор како и службата за внатрешна ревизија мора да биде усогласен/а со Стандардите, и може да биде усогласен со останатите стандарди, доколку се порестриктивни. Целта на Стандардите е да: 1. Креираат основни принципи коишто ја претставуваат праксата на внатрешната ревизија. 2. Обезбедуваат рамка за спроведување и промовирање на широк опсег на внатрешна ревизија, којашто додава вредност. 3. Воспоставување на основата за процена на перформансите на внатрешната ревизија. 4. Негување на подобрени организациски процеси и работење. Стандардите се фокусирани на принципи, и претставуваат задолжителни барања, коишто се состојат од: Ставови за основните барања за професионално практикување на внатрешната ревизија, и за процена на ефективноста на работењето, коишто се меѓународно применливи на ниво на организација Толкувања, коишто разјаснуваат термини или концепти во рамки на ставовите. Стандардите користат термини на коишто им е доделено специфично значење, коешто е вклучено во Речникот. Специфично, Стандардите го користат зборот мора да специфицираат безусловно барање, и зборот треба каде што усогласеноста се очекува, освен доколку при спроведување на професионално расудување, околностите оправдуваат девијации. Неопходно е да се земат предвид Ставовите и нивните толкувања, како и специфичните значења од Речникот, за да точно се разберат и применат Стандардите. Структурата на Стандардите е поделена на атрибутивни стандарди и стандарди на извршување. Атрибутивните стандарди се однесуваат на својствата на организациите и поединците коишто вршат внатрешна ревизија. Стандардите на извршување ја објаснуваат природата на внатрешната ревизија и обезбедуваат квалитативни критериуми наспроти кои Ревидирани: Октомври 2012 Страна 1 од 21 се мери спроведувањето на истата. Атрибутивните стандарди и стандардите на извршување исто така се применливи на сите услуги коишто ги обезбедува внатрешната ревизија. Стандардите за спроведување се обезбедени за да ги прошират атрибутивните стандарди и стандардите на извршување, со обезбедување на барања применливи за активности на уверување (А) или советување (С). Услугите на уверување ја вклучуваат објективната процена на доказите, од страна на внатрешниот ревизор, со цел да се обезбеди независно мислење или заклучоци во врска со ентитет, операција, функција, процес, систем, или останати предмети на ревизија. Природата и опфатот на ангажманите на уверување се утврдуваат од страна на внатрешниот ревизор. Општо гледано, постојат три странки коишто се вклучени во услугите на уверување: (1) лицето или групата којашто е директно вклучена со ентитетот, операцијата, функцијата, процесот, системот, или друг предмет на ревизија сопственикот на процесот, (2) лицето или групата којашто ја прави процената внатрешниот ревизор, и (3) лицето или групата којашто ја користи процената корисникот. Услугите на советување воопштено се спроведуваат по специфично барање на клиентот. Природата и опфатот на советодавниот ангажман е предмет на договор со самиот клиент на ангажманот. Услугите на советување вклучуваат две странки: (1) лицето или групата којашто нуди совет внатрешниот ревизор, и (2) лицето или групата којашто бара и добива совет клиентот на ангажманот. Кога се спроведуваат услуги на советување, внатрешниот ревизор треба да ја задржи објективноста и не треба да презема одговорности на менаџментот. Стандардите се однесуваат на индивидуални внатрешни ревизори, и активности на внатрешна ревизија. Сите внатрешни ревизори се одговорни за усогласеност со Стандардите поврзани со индивидуалната објективност, способност, и должно професионално внимание. Дополнително, внатрешните ревизори се одговорни за усогласеност со Стандардите, коишто се релевантни за извршувањето на нивните работни обврски. Главните внатрешни ревизори се одговорни за целокупната усогласеност со Стандардите. Прегледувањето и развојот на Стандардите е тековен процес. Одборот за Меѓународни стандарди на внатрешна ревизија се впушта во сеопфатни советувања и дискусии пред да ги објави Стандардите. Ова вклучува глобално барање на коментари од страна на јавноста, низ процес на коментирање на нацртот на новите Стандарди. Сите нацрти се објавени на веб-страницата на The IIA, и се дистрибуирани на сите IIA институти, вклучително и IIA Mакедонија (Здружение на внатрешни ревизори на Македонија). Предлозите и коментарите поврзани со Стандардите можат да бидат пратени до: The Institute of Internal Auditors Standards and Guidance 247 Maitland Avenue Altamonte Springs, FL , USA Web: Ревидирани: Октомври 2012 Страна 2 од 21 МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ПРАКТИКУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА (СТАНДАРДИ) Атрибутивни стандарди 1000 Цел, авторитет, и одговорност Целта, авторитетот и одговорноста на внатрешната ревизија мора да бидат формално дефинирани во Повелба за внатрешна ревизија, конзистентна со Дефиницијата за внатрешна ревизија, Кодексот на етика, и Стандардите. Главниот внатрешен ревизор мора периодично да ја ревидира Повелбата за внатрешна ревизија, и да ја презентира до врвното раководство и одборот за одобрување. Повелбата за внатрешна ревизија е формален документ кој ги дефинира целта, авторитетот и одговорноста на внатрешната ревизија. Повелбата за внатрешна ревизија ја воспоставува положбата на внатрешната ревизија во рамките на организацијата, вклучувајќи ја природата на односите за функционално известување на главниот внатрешен ревизор до одборот; авторизира пристап до документацијата, вработените, и физичките средства релевантни за спроведувањето на ангажманите; и го дефинира опфатот на активностите на внатрешната ревизија. Конечното одобрување на Повелбата за внатрешна ревизија е од страна на одборот А1 Природата на услугите на уверување коишто се обезбедуваат на организацијата мора да биде дефинирана во Повелбата за внатрешна ревизија. Доколку треба да се обезбедува уверување на странки надвор од организацијата, природата на овие уверувања исто така мора да биде дефинирана во Повелбата за внатрешна ревизија C1 Природата на услугите за советување мора да биде дефинирана во Повелбата за внатрешна ревизија Признавање на Дефиницијата за внатрешна ревизија, Кодексот на етика, и Стандардите во Повелбата за внатрешна ревизија Задолжителната природа на Дефиницијата за внатрешна ревизија, Кодексот на етика, и Стандардите мора да биде признаена во Повелбата за внатрешна ревизија. Главниот внатрешен ревизор треба да дискутира со врвното раководство и одборот за Дефиницијата за внатрешна ревизија, Кодексот на етика, и Стандардите Независност и објективност Внатрешната ревизија мора да биде независна, и внатрешните ревизори мора да бидат објективни при извршувањето на нивната работа. Независност претставува ослободеност од услови, коишто претставуваат закана за способноста на внатрешната ревизија да ги спроведува нејзините одговорности на непристрасен начин. За да се постигне нивото на независност неопходно за ефективно спроведување на одговорностите на внатрешната ревизија, главниот внатрешен ревизор има директен и неограничен пристап до врвното раководство и одборот. Ова може да биде остварено преку однос на двојно известување. Заканите кон независноста мора да се управуваат на ниво на индивидуален внатрешен ревизор, ангажман, функција и организација. Објективноста претставува непристрасен ментален став којшто им овозможува на внатрешните ревизори да ги извршуваат ангажманите на начин на којшто тие веруваат во производот од својата работа, и на начин на кој не се направени компромиси за квалитетот на работата и конечниот производ од истата. Ревидирани: Октомври 2012 Страна 3 од 21 1110 Организациска независност Главниот внатрешен ревизор мора да известува до ниво во рамките на организацијата кое ѝ овозможува на внатрешната ревизија да ги исполни своите одговорности. Главниот внатрешен ревизор мора да му ја потврди на одборот, најмалку еднаш годишно, организациската независност на внатрешната ревизија. Организациска независност ефективно е остварена кога главниот внатрешен ревизор функционално известува до одборот. Примери за функционално известување до одборот вклучуваат одборот да: Ја одобрува Повелбата за внатрешна ревизија; Го одобрува планот за внатрешни ревизии, базиран на ризици; Го одобрува буџетот на внатрешната ревизија, како и планот за користење на ресурси; Добива комуникации/извештаи од главниот внатрешен ревизор за извршувањето на активностите на внатрешната ревизија во однос на планот, како и извештаи за други прашања; Ги одобрува одлуките за назначување и отстранување на главниот внатрешен ревизор; Ја одобрува висината на платата на главниот внатрешен ревизор; и Се советува со раководството и со главниот внатрешен ревизор со цел да се утврди дали постои несоодветен опфат на внатрешната ревизија, или пак ограничени ресурси А1 Внатрешната ревизија мора да биде слободна од пречки при утврдувањето на опфатот на внатрешната ревизија, извршувањето на работата, и известувањето за резултатите од истата Директна интеракција со одборот Главниот внатрешен ревизор мора да комуницира и да соработува директно со одборот Индивидуална објективност Внатрешните ревизори мора да имаат непристрасен став и да избегнуваат какви било конфликти на интерес. Конфликт на интерес е ситуација во којашто внатрешниот ревизор, којшто е во позиција на доверба, има личен интерес кој е спротивставен на професионалниот интерес. Такви спротивставени интереси може да го отежнат непристрасното остварување на неговите или нејзините должности. Конфликт на интерес постои дури и доколку од него не резултира неисправен или неетички акт. Конфликт на интерес може да креира изглед на неисправност којшто може да ја поткоп
Related Search
Similar documents
View more...
We Need Your Support
Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

Thanks to everyone for your continued support.

No, Thanks