Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2015 година - PDF

Description
ПРЕДЛОГ Врз основа на член 19 став (1) точка 20) од Законот за ревизија (Службен весник на РМ, број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014 и 192/2015 година), а во врска со член 24 став (1) точка

Please download to get full document.

View again

of 13
All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
Information
Category:

Taxes & Accounting

Publish on:

Views: 107 | Pages: 13

Extension: PDF | Download: 0

Share
Transcript
ПРЕДЛОГ Врз основа на член 19 став (1) точка 20) од Законот за ревизија (Службен весник на РМ, број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014 и 192/2015 година), а во врска со член 24 став (1) точка 4) од Статутот на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ), Собранието на ИОРРМ на предлог на Управниот одбор, на седницата одржана на година, усвои Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2015 година Содржина I. Резиме II. Активности на телата на ИОРРМ Собрание Управен одбор Надзорен одбор Комисии на ИОРРМ III. Финансиски информации I. Резиме Во 2015 година, ИОРРМ спроведуваше активности за усогласување на Статутот и други акти на ИОРРМ со Законот за измени и дополнувања на Законот за ревизија (Службен весник на РМ, 188/2013 и 138/2014). На 12 март 2015 година, се одржа состанок на тема Актуелните состојбите на ревизијата и ревизорската професија во Република Македонија, замислен како Форум на фирми. На состанокот присуствуваа 28 претставници од друштвата за ревизија и овластените ревизори трговци поединци. На 17 септември 2015 година, се одржа вториот Форум на фирми. На состанокот присуствуваа 28 претставници од друштвата за ревизија и овластените ревизори трговци поединци. На состанокот се дискутираше за проблемите и нејасностите кои се јавија во пракса во поглед на примената на Одлуката за утврдување на минимален број на часови и минимален надоместок по 1 час за ангажмани за законска ревизија. Институтот на овластени ревизори на РМ во 2015 година спроведe настани за континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластените ревизори. Во рамките на Годишната програма за КПУ за 2015 година беа спроведени 9 настани за КПУ или вкупно 72 часа, за да им се овозможи на овластените ревизори да ја исполнат законската обврска да посетуваат најмалку 120 часа за период од три години, односно најмалку 30 часа годишно во рамките на континуирано професионално усовршување од областа на сметководството и ревизијата, согласно член 28 од Законот за ревизија. За одржување на предавања на темите предвидени во Годишната програма за КПУ за 2015 година се пријавија и беа поканети предавачи од Народна банка на Република Македонија, Управа за јавни приходи, Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Агенција за супервизија на осигурување, Комисија за хартија од вредност, Управа за финансиско разузнавање, Дирекција за заштита на лични податоци, Централен Регистар на Република Македонија, Економски факултет Скопје, Здружението на внатрешни ревизори на РМ, Универзитет Американ Колеџ Скопје, овластени ревизори, ЕСП Развој и управување на човечки ресурси, претставници на друштвата за ревизија и 1 овластените ревизори трговци поединци, вработените на ИОРРМ, како и предавачи со други домашни и меѓународни сертификати. Вкупно беа опфатени 35 различни теми. Предавањата се однесуваа на континуирано професионално образование (меѓународни сметководствени стандарди, меѓународни стандарди за финансиско известување, меѓународни стандарди за ревизија, законска регулатива, контрола на квалитетот на ревизорските услуги, Кодекс на етика за професионалните сметководители) и континуирано професионално усовршување (актуелни теми). Институтот на овластени ревизори на РМ во 2014 година спроведе две сесии за полагање на испитот за стекнување на звањето ревизор, кои што беа спроведени во јуни/јули 2015 и декември 2015 година. Во 2015 година, четири кандидати кои го положија испитот се стекнаа со уверение за ревизор, издадено од страна на ИОРРМ. Во 2015 година, ИОРРМ издаде две уверенија за ревизор врз основа на доставени барања за признавање на квалификација за ревизор стекната во странство, а во согласност со Правилникот за начинот и постапката на добивање уверение за ревизор за лица кои поседуваат уверение за ревизор стекнато во странство. Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги усвои Годишен извештај за наодите од извршените контроли на Комисијата за контрола на квалитет на ревизорските услуги, за проверките согласно Годишниот план за 2014/2015 година. Во согласност со Правилникот за начинот и постапката на контрола на квалитетот на друштвата за ревизија и на овластен ревизор трговец поединец, Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги усвои Годишен план за контрола на квалитет за 2015/2016 година. Во септември 2015 година, започна спроведување на проверки на контрола на квалитетот според Годишниот план за контрола на квалитет за 2015/2016 година. Методологијата за организација и спроведување на проверка за контрола на квалитетот на друштвата за ревизија и овластените ревизори трговци поединци е објавена на веб страната на ИОРРМ. Регистарот на ревизори, Регистарот на овластени ревизори, Регистарот на друштва за ревизија, Регистарот на овластени ревизори трговци поединци, и Регистарот на трајно одземени лиценци се усогласени со член 30 од Законот за ревизија, и истите се објавени на веб страната на ИОРРМ. На 10 и 11 септември 2015 година, по покана на Здружението на внатрешни ревизори на РМ, ИОРРМ учествуваше со свој претставник на Националната конференција Борба против измама, којашто се одржа во Скопје. На година, по покана на Управата за финансиско разузнавање, ИОРРМ учествуваше со свој претставник на завршната работилница за национална проценка на ризик од перење пари и финансирање на тероризам, којашто се одржа во Скопје. IFAC 1 Институтот на овластени ревизори на РМ доби статус на полноправна членка на IFAC, за што се одлучуваше на седницата на Собранието на IFAC што се одржа на 13 и 14 ноември 2013 година во Сеул, Јужна Кореја. Институтот за свој ополномоштен претставник на седницата на Собранието на IFAC, која што се одржа на ноември 2015 година во Сингапур, назначи претставник на Францускиот конзорциум. Меѓународна соработка На 05 март 2015 година, претставници на Фрнацускиот конзорциум одржаа презентација наменета за членовите на Управниот одбор, за поблиску да се презентираат главните цели на ревизорската алатка Pack PE и нејзиното 1 International Federation of Accountants. 2 функционирање, како и да се утврди како заеднички ќе се продолжи процесот на нејзино прилагодување, превод и обука. Во ноември 2015 година, ИОРРМ склучи нов тригодишен Договор за партнерство со францускиот конзорциум составен од CNCC и CSOEC, за натамошно продлабочување и развивање на билатерната соработка. На 08 јуни 2015 година, Претседателот на ИОРРМ одржа состанок со претставници на Центарот за реформи во финансиското известување (CFRR) во врска со резултатите од ROSC (Report of the Observance of Standards and Codes) извештајот за Република Македонија од областа на сметководство и ревизија, со кој се дава оценка врз основа на разгледување на одредени стандарди поврзани со состојбите во приватниот и финансискиот сектор. На состанокот беа разменети мислења за констатациите во извештајот, предлозите за понатамошно подобрување на состојбите, како и досегашните активности и предизвиците во работењето на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. На 09 и 10 јуни 2015 година во Скопје се одржа настан на тема Achieving Excellence in Education: Aligning University Accounting Curricula to International Benchmarks, во организација на Центарот за реформи во финансиското известување (CFRR) на Светска банка. Претставник на ИОРРМ присуствуваше на настанот. На 30 ноември и 1 декември 2015 година, назначени членови на ИОРРМ учествуваа на обуката за обучувачи од областа на ревизијата, организирана од страна на CFRR. Претставници на ИОРРМ учествуваа на настанот за презентација на РОСК извештајот за сметководство и ревизија за Република Македонија, што се одржа на 17 декември 2015 година во Скопје, а беше организиран од Канцеларијата на Светска банка. На 21 октомври 2015 година, претседателот на ИОРРМ одржа состанок со претставник на Светска банка, г-дин Колм Дун, за оценка на спроведувањето на регионалниот проект РЕПАРИС. На 23 април 2015 година, во Атина, се одржа Стратешки форум за сметководствената професија организиран од страна на Институтот на овластени сметководители на Англија и Велс (ICAEW) во соработка со Институтот на овластени јавни сметководители на Грција. ИОРРМ учествуваше на настанот со двајца претставници. На 23 и 24 ноември 2015 година, по покана на Хрватската ревизорска комора, ИОРРМ учествуваше со свои претставници на стручното советување што се одржа во Загреб. ИОРРМ има важечки Меморандум за соработка со Комората на ревизори на Република Азербејџан. Соработка со Совет за унапредување и надзор на ревизија на Република Македонија (СУНРРМ) Претседателот и претставници на ИОРРМ на покана на СУНР, присуствуваа на состаноци при разгледување на доставени акти од страна на ИОРРМ за добивање согласност од СУНР, како и за разгледување на прашања од интерес за развојот на професијата. На 21 декември 2015 година, членовите на Управниот одбор на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и членовите на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија одржаа заеднички состанок за разгледување на прашања што произлегуваат од надлежностите согласно Законот за ревизија. Во 2015 година, СУНР даде согласност на следните акти на ИОРРМ: Годишниот извештај за работа на ИОРРМ за 2014 година. Годишна програма за работа на ИОРРМ за 2015 година. Статут на ИОРРМ. Програма за полагање на испит за стекнување звање ревизор. 3 Правилник за содржината на регистарот на ревизори, регистарот на овластени ревиозори, регистарот на друштва за ревизија, регистарот на овластени ревизори трговци поединци и регистарот на трајно одземени лиценци. Годишен извештај за наодите од извршените контроли на Комисијата за контрола на квалитет на ревизорските услуги. II. Активности на телата на ИОРРМ Собрание Собранието на ИОРРМ ги одржа 16-та и 17-та седница. На седниците беа усвоени следните: - Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2014 година, кој што на година доби согласност од СУНР. - Годишна програма за работа на ИОРРМ за 2015 година, која што на година доби согласност од СУНР. - Финансиски план на ИОРРМ за 2015 година. - Статут на ИОРРМ, кој што на година доби согласност од СУНР. - Одлука за усвојување на годишната сметка и финансиските извештаи на ИОРРМ за годината што завршува на година и извештајот на ревизорот за финансиските извештаи на ИОРРМ за годината што завршува на година - Одлука за избор на ревизор на финансиските извештаи на ИОРРМ за годината што завршува на , и година. На 16-та седница беше потврдена одлуката за именување на еден член на Комисијата за образование, обука и публикации, согласно член 16 и член 17 на Статутот на ИОРРМ. На 17-та седница беше разгледан Извештајот на Надзорниот одбор за годишната сметка и и извештајот на ревизорот за финансиските извештаи на ИОРРМ за годината која завршува на 31 декември 2014 година. На истата седница, беа спроведени избори за членовите на телата и органите на ИОРРМ заради истекување на мандатот од три години, избор на членови на нови комисии и избор на претстедател. Изборите беа спроведени со тајно гласање, согласно Статутот на ИОРРМ, по предлог на Управниот одбор на ИОРРМ. На седницата за претседател на ИОРРМ беше повторно избран, Борислав Атанасовски од Друштвото за р
Related Search
Similar documents
View more...
We Need Your Support
Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

Thanks to everyone for your continued support.

No, Thanks