Декември, сабота, 4-то Генерално Собрание - PDF

Description
2 22-ри страна Декември, сабота, 4-то Генерално Собрание Почитувани членови на НОРА, пред се, со овој 5-ти информатор ни претставува особена чест да Ве поканиме на 4-тото Генерално Собрание (ГС) на НОРА.

Please download to get full document.

View again

of 12
All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
Information
Category:

Lifestyle

Publish on:

Views: 43 | Pages: 12

Extension: PDF | Download: 0

Share
Transcript
2 22-ри страна Декември, сабота, 4-то Генерално Собрание Почитувани членови на НОРА, пред се, со овој 5-ти информатор ни претставува особена чест да Ве поканиме на 4-тото Генерално Собрание (ГС) на НОРА. ГС е најважниот орган на вашата организација. Тоа претставува место каде членовите се собираат, дискутираат, разменуваат искуства, предлагаат активности и проекти, гласаат и едноставно си припаѓаат и се дружат. Покрај овие активности на Собранието ќе имате можност детално да се запознаете со работата на НОРА, преку ретроспектива и анализа на изминатите проекти и активности. Вашите мислења и предлози се многу важни за иднината на НОРА, Вашиот како и гласот и мислењето на секој член се потребни и се од суштинско значење. Со големо задоволство, за прв пат, НОРА е во можност да ги рефундира патните трошоци за сите членови кои живеат надвор од Скопје. Во можност сме да ги рефундираме трошоците во висина на повратна автобуска карта од Вашиот град до Скопје, независно дали патувате со автобус, воз или автомобил. Се што треба да направите е со Вас да ја понесете поканата која се наоѓа на последната страна, на чија позадина се наоѓа Вашето име и адреса, а паричните средства ќе ви бидат врачени на самото место. Генералното Собрание ќе се одржи на 22-ри Декември, (Сабота) во 13:30 часот, во Музејот на Македонската Борба, (наспроти Плоштадот Македонија, зградата од левата страна преку Камениот Мост ). После завршетокот на ГС, НОРА ќе организира бесплатна тура на Музејот за сите свои членови! Се гледаме во Скопје, Сабота во 13:30ч.! Музеј на Македонската Борба С.О.С. и Инфо-линија 02/ страна Ни претставува големо задоволство да Ве информираме дека за прв пат на С.О.С. и Инфо-линијата на НОРА започнаа да одговараат и лекари. Целта на С.О.С и Инфолинијата е да пружи можност на сите граѓани да се јават и да зборуваат со лекар специјалист ревматолог. Наше мислење е дека некогаш едноставно нема потреба да патувате до Скопје за совети и препораки кои истите можат да бидат добиени телефонски. Затоа НОРА во соработка со Клиниката за Ревматологија во Скопје, обезбедува 2 часа седмично, каде лекар специјалист ревматолог доаѓа во просториите на НОРА и одговара на нашиот телефон на сите прашања од граѓаните поврзани со ревматолошките заболувања. Секако, не треба да заборавиме дека разговорот по телефон не е никако замена за преглед, и дека реално најголем дел од процесот на лекување на ревматолошките болести не можат да бидат разгледувани и решавани преку телефон. Но сепак веруваме дека многу од Вас имаат прашања кои адекватно може да ги одговори секој специјалист ревматолог телефонски. Можете да зборувате со секој од 18-те специјалисти ревматолози во Македонија, кои доаѓаат во НОРА и одговараат на Инфолинијата, односно се менуваат седмично. Но ова исто така значи дека доколку сакате можете да зборувате и со Вашиот личен ревматолог. Се што треба да направите е да се јавите во НОРА и да прашате која е датата кога Вашиот ревматолог ќе биде во НОРА. С.О.С. и Инфо-линијата со лекари ревматолози работи секоја Среда од 14:00 до 16:00 часот. За сите други информации телефонот на НОРА работи секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот. Тел. 02/ За повеќе информации посетете ја 4 Едукативно - страна Еден од најважните и најголемите проекти на НОРА е веќе реалност. Едукативно-информативните пултови НОРА ги разработи во соработка со Д-р Владимир Огненовски од САД, кој работи како специјалист ревматолог на Универзитетската Болница во Мичиген, Ан Арбор. Намената на пултовите е да ја пружат на дофат на рака на граѓаните основната информација за најчестите Ревматолошки и мускуло-скелетни болести (РМБ), непосредно после дијагнозата, во текот на лекувањето, но и да им пружат информации на сите граѓани кои се интересираат за РМБ и здрав живот. Сегашната литература на пултовите е во голем дел литература која е обезбедена од различни извори во САД а НОРА ја преведува и наменува за нашите потреби. Во моментов на пултовите се наоѓаат 10 водичи за 10-те најчести РМБ како и друг информативен материјал. Од Април 2012 година до денес се инсталирани 11 пултови ширум целата држава, и тоа, 4 пултови во Скопје, меѓу кои два на Клиниката за Ревматологија Скопје, еден на амбулантниот и еден на болничкиот оддел, еден пулт на Ортопедската Клиника Мајчин Дом и еден пулт во Градската Болница во Скопје 8ми Септември. Предвидуваме инсталација на барем уште два пулта во Скопје, еден во Ортопедската Клиника на Клиничкиот Центар и еден во Заводот за Рехабилитација. Два пулта се веќе инсталирани во Битола, еден на Одделението за Интерна Медицина во Градската Болница непосредно до Центарот за Ревматологија, а вториот пулт е инсталиран во Здравствениот Дом ( Уредот ) на вториот спрат на влезот за амбулантите на матичните лекари. По еден пулт се инсталирани во Градските Болници во Струмица, Штип, Куманово, Прилеп, и еден пулт во Охрид во Болницата за Косто-зглобни заболувања. - информативни пултови 5страна На картата подолу можете да погледнете кои се следни избрани градови за инсталација на пултови. Во 2013 година НОРА ќе аплицира проекти до институции и компании со цел изнаоѓање средства за инсталација на овие пултови. До овој месец се испечатени и се дистрибуираат приближно водичи за 10-те најчести РМБ, меѓу кои, Ревматоиден Артрит, Јувенилен Артрит, Бехтерев Синдром, Псоријатичен Артрит, Лупус, Остеоартрит, Фибромијалгија, Гихт, Остеопороза и Склеродермија. Интересот од граѓаните е огромен. Во 2013 година, покрај овие водичи НОРА ќе изготви и информативни брошури за лековите кои се користат кај РМБ. Вашите прашања за лековите се едни од најчестите, точно со овие брошури ќе одговориме на најголем дел од нив. Да не заборавиме дека пултовите и материјалите на нив немаше да бидат реалност без поддржувачите на НОРА. Сите ние им должиме голема благодарност на компаниите кои донираа средства за нивна изведба, и тоа, Хофман Ла Рош, Санофи, ЕЛЕМ, МетаМедико, Универзитетот од Мичиген, Алкалоид, Светската Лига за Атритис, но и голема благодарност до ФЗОМ и нивниот беспрекорен тим кои се посредници во преговорите, како и здравствените установи во кои се инсталирани на овие пултови. Струга Тетово Гостивар Кичево Охрид Ресен Крушево Битола Скопје Прилеп Куманово Свети Николе Велес Кавадарци Крива Паланка Кочани Делчево Штип Струмица Гевгелија Радовиш Инсталирани Пултови Следни градови за инсталација на пулт 6 Едгар страна Стен награда à и патување во Мадрид Една од најголемите невладини организации во Европа, ЕУЛАР, ја сочинуваат здруженија за ревматологија од сите европски држави. НОРА како претставник на Р.М. ја организира наградата Edgar Stene за најдобар есеј на претходно одредена тема во чест на Едгар Стен, норвешки механичар, бродски подофицер и полициски старешина, кој и самиот боледувал од анкилозен спондилитис. Наградата вклучува 2000à и патување на годишниот ЕУЛАР конгрес во Мадрид. Секоја држава учествува со еден есеј претходно избран од здружението член на ЕЛУАР. НОРА и оваа година ќе го испрати најдобриот од вашите есеи. Темата на претстојниот конкурс е: Мојата тајна за здраво стареење со ревматолошко заболување. Правила: 1) Право на учество имаат сите граѓани над 16 години; 2) Текстот да не е подолг од две страни; 3) Компјутерски напишан во Word со фонт Ariel 12; Текстот пратете го на нашата е-пошта најдоцна до 31ви Декември За повеќе информации посетете ја веб страницата на ЕУЛАР во секцијата на PARE, До сега НОРА испрати два есеи, во 2010 и 2011 година, но за жал не се искачија до врвот во европската селекција. Конкуренцијата е силна, но и во двата случаи нашите есеи беа одбрани како едни од најдобрите и беа публикувани во билтенот на ЕУЛАР. Ова значи дека Вашите есеи се едни од најдобрите во Европа, и многу блиску до освојувањето на наградата. Можеби тоа ќе биде случај токму оваа година! Жирито на НОРА се состои од извршниот одбор (кој нема право да учествува на конкурсот), и после деталното разгледување и оценување на сите есеи, ќе го соопшти победникот до крајот на Јануари Ги очекуваме Вашите есеи и Ви посакуваме успех! Важни локални и интернационални настани 7страна Мај 2011, посета во НОРА од директорот на ФЗОМ, Г-ѓа Маја П. Змејкова и заменикот Министер, Проф. Д-р Владимир Поповски. НОРА добива голема поддршка и значајно ја зајакнува врската со институциите. Јуни 2011 Висока делегација на ЕУЛАР ја посетува Македонија. Посетата ја карактеризираат како најуспешната во историјата на ЕУЛАР и заедно со НОРА први во Европа ја лансираат Бриселската Декларација за РМБ. Јуни НОРА добива писмо од кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов, со поддршка за невладиниот сектор и работата на НВО НОРА. Кабинетот испраќа претставник на состанокот организиран со ЕУЛАР. Јули 2011 и Јуни 2012 НОРА зема активно учество на Конгресите на ЕУЛАР во Лондон и Берлин. Покрај европскиот НОРА го посети и Конгресот на Американскиот Колеџ за Ревматологија, во Вашингтон Ноември 2011 и 2012, НОРА зема активно учество на Конференциите на ЕУЛАР-ПАРЕ во Атина и Цирих. На конференцијата во Цирих, НОРА го освојува првото место за Најуспешна и иновативна кампања за СДА и 2012, НОРА има основачка улога во организацијата за Млади со Артритис во ЕУ во Талин Естонија, и АГОРА за Јужна Европа во Белград. НОРА е активен учесник во бројни работилници и семинари во Скопје т и О к т о м в р и , Н О РА о р г а н и з и р а н а с т а н п о п о в од Светскиот Ден на Артритисот (СДА), на плоштадот кај Спомен Куќата Мајка Тереза. Настанот го посетија приближно 300 граѓани. 8 Ретроспектива страна и Иднина (1/2) Од формирањето во 2008, мисијата, визијата, целите и секојдневната работа на НОРА можат да се кажат многу едноставно: Подобрување на условите на третман и квалитетот на животот на сите граѓани кои страдаат од било кое ревматолошко заболување, и зголемување на јавната свест за овие заболувања. Но и покрај тоа што оваа реченица е кратка и на прв поглед едноставна, работата на НОРА претставува огромен секојдневен предизвик и борба. Да бидеме искрени и реални, нашето здравство е во незавидна состојба, испреплетено со чворови од многу проблеми, недостатоци, неправда и слично. Но гледано пак од друга страна, нашиот здравствен систем спаѓа во групата на т.н. социјализирани здравствени системи, каде секој граѓанин на оваа држава има право на бесплатно лекување и медицинска грижа; а тоа пак не е случај на многу места во светот. Тој едноставен факт често го забораваме и го земаме здраво за готово, но тој е несомнено најважниот. Имајќи го сето тоа во предвид, нашата цел, а се надеваме и политичката, е овој наш скромен, но социјален и народен здравствен систем, значајно да го подобриме преку активно учество во сите сфери, каде гласот на граѓаните ќе биде еден од најважните и најгласните, и каде секој учесник во системот ќе се стреми да го подобри и осовремени, индивидуално да даде се од себе, со цел нашите услуги и грижа да ги доближиме до современите европски и светски, адекватни на времето во кое живееме. Затоа веруваме дека едуцирани и информирани граѓани, заедно со лекарите и институциите можат да донесуваат важни одлуки за своето здравје, во секој дел од својот третман. Точно поради тоа, НОРА измината
Related Search
Similar documents
View more...
We Need Your Support
Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

Thanks to everyone for your continued support.

No, Thanks