Брајан Трејси БЕЗ ОПРАВДУВАЊА! - PDF

Description
Брајан Трејси БЕЗ ОПРАВДУВАЊА! Dru{tvo za izdava~ka dejnost PABLI[ER DOOEL, Skopje ul. Wego{eva 29a tel Direktor i glaven urednik Urednik Aleksandar

Please download to get full document.

View again

of 32
All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
Information
Category:

Press Releases

Publish on:

Views: 83 | Pages: 32

Extension: PDF | Download: 1

Share
Transcript
Брајан Трејси БЕЗ ОПРАВДУВАЊА! Dru{tvo za izdava~ka dejnost PABLI[ER DOOEL, Skopje ul. Wego{eva 29a tel Direktor i glaven urednik Urednik Aleksandar Sazdov Bojan Sazdov Naslov na originalot Brian Tracy NO EXCUSES! The power of Self-Discipline Copyright by Brian Tracy, 2010 Copyright za makedonskoto izdanie PABLI[ER, 2011 Prevod Gorica Popova Ova izdanie e poddr`ano od Site prava se zadr`ani. Nitu eden del od ova izdanie ne smee da bide prepe ~atuvan, kopiran ili objavuvan vo koja bilo forma ili na koj bilo na~in vo elektronskite ili pe~ateni te mediumi, bez pismena soglasnost od izdava~ot. Брајан Трејси БЕЗ ОПРАВДУВАЊА! Моќта на самодисциплината Оваа книга му ја посветувам на мојот драг пријател и соработник, Ерик Берман, еден од најдисциплинираните и најрешителните луѓе што некогаш сум ги сретнал. ВОВЕД ПРВОТО ПРАВИЛО НА УСПЕХОТ Постојат илјада оправдувања за неуспехот, но ниту една добра причина. Марк Твен Зошто некои луѓе се поуспешни од другите? Зошто некои луѓе заработуваат повеќе, живеат посреќно и, во истовреме, постигнуваат многу повеќе од поголемиот дел од луѓето? Што е, всуш ност, тајната на успехот? Честопати, своите семинари ги почнувам со мала вежба. Ја прашувам публиката: Колкумина од вас би сакале двојно да ги зголемат своите приходи? Речиси сите се насмевнуваат и ја креваат раката. Потоа прашувам: Колкумина од вас би сакале да ја намалат телесната тежина? Да се ослободат од долговите? Да стекнат финансиска независност? Повторно сите се смешкаат, некои гласно го изразуваат своето одобрување, и сите ја креваат раката. Потоа велам: Од лично! Ова се прекрасни цели што сите ги имаме. Сите сакаме да заработуваме повеќе, да поминуваме повеќе време со семејствата, да бидеме во добра кондиција и витки и да оствариме финансиска независност. Не само што сите ги сакаме истите нешта, туку и знаеме што мораме да сториме за да ги постигнеме. И сите имаме на мера тоа некогаш да го сториме. Ама, пред да почнеме, ре шаваме дека ни 5 е потребен мал одмор на прекрасен остров, во фантазијата која се вика Еден ден. Ќе си кажеме себеси: Еден ден ќе ја прочитам таа книга. Еден ден ќе почнам да ги правам вежбите според таа програма. Еден ден ќе се усовршам во струката и ќе заработувам повеќе. Еден ден ќе ги средам финансиите и ќе се ослободам од долговите. Еден ден ќе ги направам сите оние нешта за кои знам дека треба да се направат за да ги остварам сите свои цели. Еден ден... Веројатно 80% од луѓето, најголемиот дел од вре мето, живеат на островот Еден ден. Размислуваат, сонуваат и фантазираат за сè што ќе сторат еден ден. А кој ги опкружува на тој остров? Другите луѓе на островот Еден ден! А која е главната тема на разговорите на овој остров? Оправдувањата! Сите само седат и разменуваат оправдувања за престојот на островот Еден ден. Зошто си тука?, се прашуваат едни со други. Како што може и да се очекува, оправдувањата, главно, им се исти: Немав среќно детство, Не стекнав добро образование, Немам пари, Шефот постојано ме критикува, Бракот не ми чи ни, Никој не ме цени, или Економската состојба е ужасна. Тие се разболени од оправдувања, кои без исклучок се коб ни за успехот. Имаат добри намери, но како што секој знае, патот до пеколот е поплочен со добри намери. Првото правило на успехот е едноставно: протерајте се себеси од тој остров! Откажете се од оправдувањата! Зафатете се со работа или от кажете се - но немојте да се оправдувате. Не употребувајте го повеќе својот неверојатен мозок за разработка на рацио на лиза ции и оправдувања за неактивноста. Сторете нешто. Сто рете што и да е. Раздвижете се! Повторувајте си себеси: Само од мене зависи дали ќе успеам! Поразените се оправдуваат; победниците напредуваат. А сега, како можете да видите дали вашето оправдување е добро или не? Тоа е едноставно. Завртете се околу себе и запрашајте се: Дали уште некој го има истото оправдување, а сепак е ус пешен? Кога ќе си го поставите ова прашање, доколку сте искрени, ќе мора да признаете дека има илјадници, па дури милиони луѓе на 6 кои им било многу полошо отколку вам, а восхитувачки го преобразиле својот живот. А тоа што го направиле илјадници и милиони други, можете и вие - доколку се обидете. Кажано е дека луѓето би биле навистина изненадени ако истата енергија што ја трошат смислувајќи оправдувања би ја упот ребиле за постигнување на целите. Но пред сè, морате себеси да се протерате од овој остров. Скромен почеток Малкумина тргнуваат во животот со многу при ви легии. Јас не завршив гимназија. Неколку години работев физички ра боти. Имав ограничено образование, ограничена стручност и ограничена иднина. И тогаш почнав да се пра шувам: Зошто некои луѓе се поуспешни од другите? Ова пра шање ми го промени животот. Со години читав илјадници книги и статии за успехот и за остварување на целите. Се чини дека за причините за пос тигнување успех се расправа и пишува, на сите можни начини, повеќе од 2000 години. Особината околу чија важност се согласуваат мнозинството философи, учители и стручњаци, е самодисциплината. Дисциплината е она што морате да го имате за да му одолеете на искушението за оправдување. Токму самодисциплината ви овозможува да се протерате себеси од островот. Таа е клуч за одличниот живот и без неа не е можен траен успех. Развојот на самодисциплината го промени мојот живот, а ќе го промени и вашиот. Поставувајќи си пред себе сè поголеми и поголеми барања, станав поуспешен во продажбата, а потоа и во раководењето. Го продолжив школувањето и дипломирав економија во своите триесетти, за што беа неопходни илјадници часови напорно учење. Прв ги увезов возилата на Сузуки во Канада, основав 65 продажни салони и продадов возила во вредност од 25 милиони долари, а сето тоа без никакво предзнаење за таа област. Меѓутоа, тоа што го имав беше дис ципли ната и решителноста да научам и да го применам она што е потребно. 7 Почнав, без знаење и искуство, да се занимавам со развој на инфраструктура и со градежништво, ја применив моќта на дисциплината, која потоа беше поткрепена со стотици часови работа и учење. Потоа градев трговски центри, индустриски квартови, деловни згради и големи станбени комплекси. Со помош на самодисциплината, почнав успешни бизниси во обука, стручно советување, држење говори, пишување, сни ма ње и во испорака на стока. Моите аудио и видеопрограми, кни ги, семинари и програми за обука се продаваат во 54 земји, на 36 јазици и заработија повеќе од 500 милиони долари. Со годи ни давав стручни совети во повеќе од илјада ком пании и обучив повеќе од пет милиони луѓе на семинарите и на предавањата што ги држев. Во секој од овие примери, само дисциплинираното однесување беше клучно за постигнување успех. Открив дека можете да ја постигнете речиси секоја цел што си ја поставувате себеси доколку сте доволно дисциплинирани да ја платите цената, да го сторите она што е потребно и никогаш да не се откажете. Кому е наменета оваа книга? Оваа книга е напишана за амбициозните, решителни мажи и жени кои сакаат во животот да постигнат сè што е можно за нив. Наменета им е на луѓето кои горат од желба да направат повеќе, да имаат повеќе и да бидат повеќе отколку што биле некогаш. Можеби најзначајното сознание, кога е во прашање успехот, е тоа дека мора да станете поинаква личност за да постигнете многу. Материјалните вредности не се толку важни, важ но е каква личност мора да станете за да постигнете ре зул тати значително повисоки од просекот. Развојот на само дисциплината е сигурниот пат преку кој можете да стиг нете до сè. Чекор по чекор, оваа книга ќе ве води по патот на чијшто крај ќе станете исклучителна личност способна за исклучителни достигнувања. * * * 8 Случајната средба ја открива причината за успехот Пред неколку години, бев на една конференција во Ва шингтон. За време на паузата за ручек, јадев во блискиот експресресторан. Имаше метеж, па седнав на последната слободна маса - иако бев сам, а масата наменета за четворица. По неколку минути, наидоа повозрасен господин и по мла да жена, се чинеше, неговата помошничка. Ги носеа пос лужав ниците со храна и беше очигледно дека бараат место. Бидејќи на мојата маса имаше доволно место, веднаш станав и го повикав повозрасниот господин да ми се придружи. Тој се колебаше, но јас бев упорен. Најнакрај седна, убаво ми се заблагодари и, јадејќи, почнавме да муабетиме. Рече дека се вика Коп Копмеер. Веднаш го препознав тоа име. Тој е легенда во областа на успехот и постигнувањето резул тати. Коп Копмеер има напишано четири исклучително добро продавани книги, од кои секоја содржи по 250 принципи за успех до кои дошол за време на педесетте години истражува ње и проучување. Сите четири ги прочитав од прва до последна страна, и тоа повеќе пати. Откако малку помуабетивме, го прашав истото што би го прашале и многумина на мое место: Кој од илјадата принципи на успехот што ги имате откриено го сметате за нај важен? Ми се насмевна, а очите му засветкаа - како тоа прашање да му е поставено многупати - и, без двоумење, одговори: Нај важ ниот принцип за успех го поставил Елберт Хабард, еден од најплодните писатели во американската историја, на почето кот на дваесеттиот век. Тој кажал:,самодисциплината е способност да го сторите она што треба и тогаш кога треба да го сторите - сакале или не. Потоа рече: Постојат 999 други принципи за успех што ги открив читајќи и стекнувајќи искуство, но без самодисциплина не функционира ниту еден од нив. Со самодисциплината функционираат сите. Според тоа, самодисциплината е клучна за да станете исклучителна личност. Тоа е волшебна особина која ви ги от 9 вора сите врати и благодарејќи на неа, сè станува можно. Со самодисциплина, просечната личност ќе напредува толку колку што ѝ овозможуваат нејзиниот талент и интелигенцијата. Но без самодисциплина, личноста со сите предности кои ги даваат потеклото, образованието и можностите за напредување, ретко ќе се издигне над просекот. 10 Двата ваши најголеми непријатела Токму како што самодисциплината е клуч за успехот, нејзиниот недостиг е главната причина за неуспех, за чувството на осуетеност, неостварени потенцијали и за незадоволство во животот. Поради тоа смислуваме оправдувања и се потценуваме себеси. Најголеми непријатели на успехот и на остварувањето на личните потенцијали, најнапред е линијата на помал отпор, а потоа и факторот на моментална корист. Луѓето го избираат полесниот пат, поради линијата на помал отпор, речиси во секоја ситуација. Секогаш ба раат споредни патчиња. Доаѓаат на работа во последен момент и замину ваат кога и да им се укаже можност. Планираат брзо збогатува ње и лесна заработувачка. Со текот на времето, стекнуваат навика секогаш да го изнајдат полесниот, побрзиот начин да дојдат до саканите нешта, наместо да го работат тоа што е теш ко, но неопходно за да го постигнат вистинскиот успех. Факторот на моментална корист, кој е продолжение на законот на помал отпор, всушност, е уште полош кога луѓето ги води кон неуспех и неостварување на потенцијалите. Овој прин цип вели: Луѓето секогаш го бараат најбрзиот и најлесниот начин да дојдат до тоа што го сакаат веднаш, при што во дат малку или воопшто не водат сметка за долгорочните последи ци на своето однесување. Со други зборови, повеќето луѓе повеќе сакаат да го прават тоа што донесува моментална корист, тоа што е забавно и лесно, отколку она што е неопходно за успехот. Секој ден, во секоја минута, во вас се одвива битка која решава
Related Search
Similar documents
View more...
We Need Your Support
Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

Thanks to everyone for your continued support.

No, Thanks