БЛАГОРОДНИ ТЕРЕНЦИ: ЗА НУСПОЈАВИТЕ НА ЕДЕН МЕТОД - PDF

Description
УДК 39 (497.7) Илина Јакимовска (Македонија) БЛАГОРОДНИ ТЕРЕНЦИ: ЗА НУСПОЈАВИТЕ НА ЕДЕН МЕТОД Апстракт: Текстот е авторефлексивно согледување на потенцијалните нуспојави од некритичкото користење на теренскиот

Please download to get full document.

View again

of 8
All materials on our website are shared by users. If you have any questions about copyright issues, please report us to resolve them. We are always happy to assist you.
Information
Category:

Graphic Art

Publish on:

Views: 57 | Pages: 8

Extension: PDF | Download: 0

Share
Transcript
УДК 39 (497.7) Илина Јакимовска (Македонија) БЛАГОРОДНИ ТЕРЕНЦИ: ЗА НУСПОЈАВИТЕ НА ЕДЕН МЕТОД Апстракт: Текстот е авторефлексивно согледување на потенцијалните нуспојави од некритичкото користење на теренскиот метод во етнолошките истражувања. Несистематското регистрирање и обработка на материјалите, нивното третирање како приватна сопственост од страна на поединци, филтрирањето, односно издвојувањето само на оние теренски податоци што одат во прилог на поставените хипотези, и теренската работа што постојано се изведува во нам познати социјални околности се можните пречки за продуктивна примена на овој метод. Статијата е истовремено и заложба за подлабоко занимавање со теориските алатки што ни стојат на располагање за анализа на теренскиот материјал. Клучни зборови: етнологија, теренска работа, теорија, Македонија, регион, Малиновски, авторефлексивност. Во зборникот текстови Етнологија на блиското поетика и политика на современите теренски истражувања, Иван Лозица зборува за поларизацијата теорија : пракса во контекст на хрватската фолклористика и етнологија, при што теренската работа имплицитно се подведува под втората категорија: Теоријата и праксата/теренот се поларно спротивставени; теоријата е духовниот (апстрактен) пол, а теренот материјалниот (конкретен пол) (Lozica 2006: 253), вели тој, коментирајќи го историскиот развој и современата ситуација на етнологијата во неговата средина. Развојот на македонската етнологија, поради низа историски, политички и други околности, тешко може да се споредува со оној на соседните и регионалните етнологии, кои, поради подолгата традиција и различниот третман на оваа дисциплина на нивната територија, можат со поголема систематичност да детектираат фази и методолошки школи што ја одредиле нејзината еволуција. Разлика помеѓу теренци и теоретичари во Македонија речиси и нема, бидејќи дури и оние трудови што имаат строга теориска рамка, а не се состојат само од голо раскажување на собраниот материјал, сепак најчесто го содржат теренското истражување како емпириска основа за нивните анализи. Но, и покрај тоа, во контекст на македонската етнологија можат да се постават неколку актуелни прашања поврзани со теренската работа: 76 Дали професионалниот профил на македонскиот етнолог бил и дали сè уште е поврзуван со оној на патник намерник, кој, натоварен со диктафони, камера и нотеси, на магаре стигнува до непристапни села и го регистрира егзотичниот етнографски материјал што е осуден на исчезнување? Дали во современата македонска етнологија може да помине, како професионално издржан, труд што воопшто не содржи теренски референци? Од друга страна, колку теренски материјал е доволен за некое истражување? Чиј е теренскиот материјал што сме го собрале? Колку е тој изворен? Каде е нашиот терен во современи услови? Колку виртуелниот терен е стварен, а колку стварниот може да биде неодреден, флуиден? Кои се методолошките предизвици на современата македонска етнологија? Личната подготвеност за теренска работа, во контекст на македонската, но и на регионалната етнологија, долго време се сметала за суштински дел од образованието и занаетот на еден етнолог. Студентите по етнологија и денес се обучуваат како да структурираат прашалник, да бараат информатори, да им пристапуваат на соговорниците, да го водат разговорот и да ги транскрибираат добиените материјали. Наставната програма на Институтот за етнологија и антропологија вклучува обврзен предмет Теренска етнологија, кој се изучува во секоја од четирите години додипломски студии и подразбира колективен престој и работа на терен, што вообичаено се организира еднаш годишно, во мај. Студентите се навикнуваат сопствениот професионален идентитет да го врзуваат за сликата на етнолог што е физички присутен во средината што ја истражува, и кој е притоа приспособлив, емпатичен и близок со народот. Таквиот самоизграден имиџ од академската се прелева во пошироката општествена средина, па оние надвор од еснафот го сметаат престојот на терен (место физички оддалечено од канцеларијата и домот) на еден етнолог за карактеристичен за неговата професија исто онолку колку што се смета за нормална, но и обврзна, лабораториската работа на еден хемичар или биолог. Ваквиот стереотип за благородниот антрополог (пандан на стереотипот за истражуваниот благороден дивјак), кој не само што има обврска туку и гори од желба да престојува на терен, во текот на историјата на дисциплината е често намерно или ненамерно деконструиран. Постхумно објавените теренски дневници на Малиновски, односно расистичките и етноцентристичките ставови на нивниот автор кон истражуваните субјекти содржани во нив, 78 своевремено предизвикале скандал во антрополошката наука. Додека едни се обидувале да се оградат од говорот на омраза на Малиновски, тврдејќи дека се работи за исклучок (читај: изрод) од антрополошкиот еснаф што страда од различни психијатриски дијагнози (од опседнатост со секс до хипохондрија), други во неговите дневнички записи виделе потреба за свесна катарза од чувствата што тој, како нормален член на европското белечко семејство, не можел целосно да ги потисне (L. K. Hsu 1979: 530). Обидувајќи се тие да не влијаат врз неговата етнографија, тој користи друг, интимен дискурс за да ги изрази и канализира. Аналитичарите на неговите дневници избројале дури 69 места каде што тој изразува различни степени на аверзија кон локалното население, од иритација до лутина и омраза (L. K. Hsu 1979: 518). На едно место тој се залага дури и за нивно уништување: На моменти бев гневен кон нив, особено затоа што, откако ќе им ги дадев следувањата тутун, тие си заминуваа. Во целина моите чувства кон домородците клонат кон тоа дека сите тие треба да бидат истребени (Malinowski 1967: 69, курзивот во оригинал). По вакви изјави, на човек просто му е чудно зошто Малиновски се мачел да прави нешто што очигледно длабоко го мразел, да биде на непознат терен, помеѓу дивјаци. Објаснувањето го дава самиот размислувајќи во еден миг за смислата на неговата теренска работа, тој вели: Гледам на животот на домородците како на нешто целосно неинтересно и без никакво значење, исто онолку далечно за мене колку и животот на едно куче. Но додека шетав, размислував зошто сум воопшто тука. За потребата да се соберат документи. Имам генерална идеја за нивниот живот и некакво познавање на нивниот јазик, па само уште да успеам да го документирам сето тоа, би имал скапоцен материјал (Malinowski 1967: 167). Потребата да се регистрира и документира, нешто да се докаже врз основа на теренскиот материјал токму тоа ги мотивира етнолозите и антрополозите да патуваат и да престојуваат на терен, дури и тогаш кога не им е до тоа. Мразам патувања и истражувачи, вели уште еден класик на антропологијата, Клод Леви-Строс, на почетокот на неговите Тажни тропи (Levy-Strauss 1992: 15). Да не ни го кажеше тоа самиот, веројатно никогаш немаше да претпоставиме како се чувствувал човекот што целиот свој живот токму тоа и го правел патувал, истражувал и долго престојувал на терен. Кога се работи за постари автори, ваквата отвореност за многумина е контроверзна и скандалозна, симптом на етноцентризам и расизам на раната антропологија. Но, во современата антропологија авторефлексивноста на истражувачот опишувањето на неговите физички сензации и внатрешни чувства за време на престојот на терен, дури и кога тие се израз на резервираност и одбивност кон истражуваниот контекст се смета за нормален, па дури и обврзен дел 80 од неговата работа, коректив на етнографската нарација, која на овој начин добива во човечност и автентичност. Еден од посвежите примери на кои наидов, а кој се однесува на доживувањата на странски антрополог токму на теренот на Македонија, е книгата на Илка Тисен, Чекајќи ја Македонија: идентитет во свет кој се менува. Повеќе пати во текот на книгата таа ги опишува чувствата што и ги предизвикале различните ситуации во кои доаѓала со нејзините соговорници, од оние на емпатија и пријателство до такви што за неа не биле воопшто пријатни: Додека живеев во Скопје, на посета ми доаѓаа машки пријатели, но не за да пиеме кафе или за да разговараме како што си мислев, ами за да изберат различни порнографски филмови кои се прикажуваа. Тие не разбираа зошто бев вознемирена, со оглед на нивното поимање дека за мене како човек од Германија е нормална работа да гледа порно. Второ, јас бев нивна пријателка, но не бев спремна да ја споделувам со нив сопствената слобода на живеење и мојата телевизија, кога тие сигурно не можеа да гледаат такви филмови со нивните родители и помали сестри дома (Тисен 2010: 181). Ова соочување со сопствената непријатност понатаму и служи како основа за коментирање на врската помеѓу потрошувачката и идентитетот на младите Македонци, кои себеси сакаат да се докажат како модерни и либерални, особено во очите на жената истражувач од Западот каде што самите сакаат да припаѓаат. Ваквите и слични авторефлексивни забелешки што се однесуваат на искуства на теренот ни оддалеку не се попатна илустрација или фуснота кон антрополошкиот текст исто како и етнографските анегдоти, и тие стануваат фактички (и живописни) потврди на некакво тврдење, нешто што вообичаено го подразбираме или го доживуваме, дури и во отсуство на таква намера на авторот, како доказ. Третирањето или читањето на теренскиот материјал како недвосмислен документ/доказ е потенцијална опасност на која не се имуни ни некои од поискусните истражувачи. Притоа, таа демне најмалку од две страни доколку хипотезите се поставени однапред, интервјуата да се водат на начин што нив ќе ги потврди, и/или од собраниот материјал да се издвои само она што ни оди во прилог, маргинализирајќи ги или целосно прескокнувајќи ги контрадикторните случаи. Ваквата постапка на свесна/несвесна манипулација со фактите секако не е карактеристика само на етнолошката наука туку и на науката воопшто. Сепак, самосвеста на етнологот дека тука навистина постои потенцијална опасност, дека непосредното не значи и непосредувано, и неговиот критички однос кон сите применети методи, особено кон теренскиот кој е differentia specifica на неговата професија, е нешто што би требало да се развива уште во текот на студиите и да се негува како дел од професионалната практика. Во спротивен случај стручните 82 текстови се осудени да бидат или просто раскажување на она што сме го чуле на терен (во вид на некаков патопис), или да бидат сосема ослободени од личен став на истражувачот, кој всушност ги промовира ставовите на неговите соговорници, без да ги вклопи притоа во теориска рамка, да ги протолкува, коментира и да ги објасни. Заслепен од автентичноста на собраните материјали и заморен од теренската рутина, истражувачот понекогаш нема сила да им се спротивстави. Но, чиј е всушност материјалот што сме го собрале? Неговото третирање како приватна сопственост на собирачот, и односот кон ваквата појава на другите истражувачи, е значајно етичко и професионално прашање. Честопати во стручните текстови, дисертациите и монографиите, при цитирање на исказ на информатор, во фуснота се среќава изразот сопстве
Related Search
Similar documents
View more...
We Need Your Support
Thank you for visiting our website and your interest in our free products and services. We are nonprofit website to share and download documents. To the running of this website, we need your help to support us.

Thanks to everyone for your continued support.

No, Thanks